Силва: Мојата иднина во Манчестер Сити? Навистина не знам…

Бернардо Силва го оствари својот сон и го подигна трофејот во Лигата на Шампиони по вчерашниот финален натпревар против Интер. Португалецот кој веќе подолго време се поврзува со заминување од Англија повторно говореше на оваа тема по вчерашниот натпревар.

Тој вели дека не знае што ќе се случи во следните недели и месеци, но сака прво да ужива во моментот.

„Мојата иднина? Не знам искрено. Ќе видиме што ќе се случи во следните недели и месеци. Сакам сега да уживам во моментот“, вели Силва.

Се вчитува...