Силва нема дилема: Халанд е единствениот играч кој може да го стигне Роналдо

Ерлинг Халанд одличната епизода од Дортмунд ја продолжи и во Англија во редовите на Манчестер Сити каде сезонава едноставно е незапирлив како во Премиер-лигата така и во Лигата на шампионите.

Норвежанецот редовно ги тресе противничките мрежи и со тоа постојано е во фокусот на вниманието. Јавноста е неносмнено фасцинирана од неговата игра, а комплименти не штедеше и Бернардо Силва, кој истакна дека неговиот колега е единствениот фудбалер кој може да го стигне, односно да му се приближи на Кристијано Роналдо.

„Во фдбалот никогаш не знаете што ќе се случи, Ерлинг е сè уште многу млад, има уште многу да направи, но менталитетот е таму. Јас играм со Ерлинг, па се надевам дека е така. Но, стандардите се толку високи – Кристијано освои пет Златни топки, шест Лига на шампиони – но јас сум многу импресиониран од Ерлинг. Искрено, зборував со неколку пријатели пред некој ден и им кажав дека тој е единствениот играч кој може да му се доближи на Кристијано во смисла на тоа на тоа каде ќе слета топката во шеснаесетникот. Тој го има тоа чувдство, тој е толку брз и силен што не е лесно за дефанзивците“, изјави Силва.

Се вчитува...