Манчестер Сити е првиот финакист на овогодинашното издание на ФА Купот, откако во полуфиналето го совладаа тимот на Челси со минимални 1-0. Херој беше Бернардо Силва, кој ја донесе победата со гол во 84. минута после една добра акција.
Со тоа Португалецот стана херој, откако пред неколку дена беше трагичар за својот тим, промашувајќи пенал во серијата против Реал Мадрид, со што неговиот Манчестер Сити беше елиминиран од ЛШ.
На овој меч Сити играше без првиот напаѓач Ерлинг Халанд, кој отпадна во последен момент поради повреда. Меѓутоа и покрај тоа Сити стигна до победа и до финале во ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА