Манчестер сити се пласиреше во полуфиналето на ФА Купот откако во четвртфиналната пресметка пред своите навивачи лесно славеше со 2-0 против Њукасл.
„Граѓаните“ целата задача си ја завршија по само половина час од натпреварот, со двата гола на Бернардо Силва.
Најпрво Силва погоди во 13. минута за 1-0, а потоа во 31. минута заокружи за конечни 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА