Силва со критики за соиграчите: Играме како деца до 15 години

Една од најголемите ѕвезди на Манчестер сити, Бернардо Силва не можеше да го сокрие разочарувањето по поразот на неговиот тим од 1-2 во дербито со Манчестер јунајтед во Премиерлигата.

Силва беше самокритичен, но и со директни обвинувања за соиграчите за начинот на кој се играа оваа сезона.

„Ова е навистина недозволиво. На ова ниво може еден или два меча да играте, но ни и десет по ред. Какви само глупави грешки правиме. Играме како деца до 15 години. Мора сите до еден да се погледнеме во огледало и да кажеме што правими за овој тим. Вака повеќе не смее“ – изјави Силва по поразот од Јунајтед.

Се вчитува...