Силва со покана до Нејмар за трансфер во Челси

Најскапо платениот фудбалер на ПСЖ, Бразилецот Нејмар во последниот период се повеќе се пишува дека може да си замине од Париз. Челси се посочува за еден од кандидатите за потписот на Нејмар, а главната улога во зделката може да ја има и Тијаго Силва.

Медиумите од француската престолнина пренесуваат дека Нејмар е непожелен во францускиот клуб и во Париз се обидуваат да се ослободат од него. Челси е еден од тимовите со кои се поврзува Нејмар, а свој коментар на оваа тема сега даде поранешниот дефанзивец на ПСЖ, Тијаго Силва.

„Нејмар треба да дојде во Челси. Доколку тоа се случи, тоа ќе биде најдобрата работа. За Нејмар не треба да се трошат зборови“, изјави Тијаго Силва.

Силва беше и капитен на ПСЖ, но имаше лоша разделба со клубот, Нејмар сега исто така ги залади односите со Ал Келаифи, па можеби го чека слична судбина.

Се вчитува...