Силва: Српскиот селектор ме навреди, сега виде кој е кој

Бразил рутински стигна до победата на дуелот против Србија, а Тијаго Силва по мечот го критикуваше противничкиот селектор Драган Стојковиќ – Пикси, за изјавите дадени во пресрет на овој натпревар.

Ветеранот на Челси се почувствувал навреден од коментарите на српскиот кормилар дека Бразилците се моќни само во нападот, па по мечот следеше и одгово до Стојковиќ.

„Слушнав дека нивниот селектор пред мечот изјавил дека Беазил има бројни одлични напаѓачи, но нема врвни играчи во одбраната. Тоа е недостиг на почит кон нашата историја, не само кон мене лично, туку кон сите соиграчи. Треба да се знае што се зборува пред да се каже нешто, мислам дека со она што го покажавме на теренот докажавме кој е кој. Среќни сме од начинот на кој го стартувавме овој шампионат, се надевам дека ќе продолжим во ист стил и на наредните натпревари“, изјави Тијаго Силва.

Се вчитува...