Леброн Џејмс е на прагот да го надмине Карим Абдул Џабар на првото место на вечната листа по бројот на постигнати поени во НБА лигата. „Кралот“ досега постигна 38,104 поени и му недостасуваат само 284 за нов рекорд кој според проценките ќе биде надминат на почетокот на месец февруари.
Говорејќи на темата, комесарот на НБА лигата, Адам Силвер откри каков знак на почит ќе добие Леброн Џејмс за успехот кој беше недостижен 34 години.
„Без сомнение ќе ја запреме играта и ќе оддадеме почит за забележување на историскиот момент, топката, кошот и опремата. Ќе запре се и ќе се погрижиме да ја завршиме нашата задача за еден од најголемите моменти во НБА. Но, ќе мора да најдеме и баланс бидејќи сепак тоа ќе биде натпревар во кој противникот ќе сака да победи и нема да го нарушиме ритамот. Тоа ќе биде моментално одбележување, а потоа ќе има поголема церемонија“, открива Силвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

