Во 2009 година сопствениците на Силверстон направија огромен чекор и ја потврдија довербата во Формула 1 потпишувајќи 17-годишен договор со најбрзиот циркус во светот за одржување на трка за Големата Награда на Велика Британија токму на оваа патека. Договорот беше неизбежен откако сопствениците на Донингтон Парк не успеаја да ги најдат финансиските средства кои се потребни за одржување на трка од Ф1. И Ф1 и сопствениците на Силверстон имаат клаузула која ќе им овозможи порано да ја прекинат соработката, најрано во 2019 година. Веројатноста постои, земајќи ја предвид намалената посетеност. Оваа година трката ќе се одржи викендот од 7. до 9. јули, а пред тоа сопствениците на Силверстон ќе обелоденат дали порано ќе ја прекинат соработката.
Доколку дојде до тој прекин, Велика Британија ќе биде во големи проблеми за наоѓање на патека која ќе може да одржи трка од овој калибар со оглед на тоа дека сопствениците на Донингтон Парк ги отфрлија сите можни гласини за евентуален камбек на Ф1 календарот.
„Апсолутно – не! Имаме конкретен план за нашата патека и не планираме да ја промениме во иднина. За одржвуање на трка во Формула 1, денес, патеката треба да има поинаков изглед, не како што тоа беше порано, а ние не сакаме да ја менуваме. Засега нема интерес за да одржиме таква модерна верзија на трките“ – вели Кристофер Тејт, извршниот директор на Силверстон.
Со преземањето на Ф1 од страна на Либерти Медиа, организаторите на трка во Велика Британија се надеваат дека компанијата ќе ја исполни ветената опција за задржување на легендарни трки на календарот по секоја цена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА