Силверстоун ќе биде спасен, ќе има Ф1 трки на легендарната патека

Британското Гран-при од Формула 1 шампионатот извесно е ќе биде спасено. Според најавите договор за продолжување на соработката со сопствеништвот на Ф1, Либерти Медија ќе биде потпишан во пресрет на трката на Силверстоун закажана за овој викенд.

Сагата околу трката во Британија трае веќе извесно време, а ако биде прдолжен договорот, јасно е дека драстично се намалуваат шанските за Ф1 трка во Лондон.

Се очекува в недела да биде објавено соопштение за нова мултимилионска соработка со која ќе биде спасена најстарата и најпосетуваната патека во историјата на Формула 1 шампионатот.

Преговрите меѓу организаторот на британската трка и сопствениците на Ф1 се забрзале откако медиумите почнаа да објавуваат оти Силверстоун е загрозен поради можноста Либерти Медија да догвори трка во  Лондон.

Се вчитува...