Селекторот на албанската фудбалска репрезентацијата Силвињо доби албанско државјанство, во знак на благодарност од таа земја за пласманот на Европското првенство со националниот тим.
Покрај Силвињо, албанско државјанство добија и неговите помошници Италијанците Лука Лауренти и Џанлука Стесина и Аргентинецот Пабло Забалета. Церемонијата за добивање државјанство се одржа во Лушње, град на 80 километри од главниот град Тирана.
Албанија на Европското првенство ќе игра во групата Б заедно со Италија, Хрватска и Шпанија. Договорот на Силвињо со Албанија истекува на крајот на Европското првенство, но федерацијата изрази желба да ја продолжи соработката со бразилскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА