Бразилскиот селектор Силвињо, кој е на клупата на Албанија, ќе остане на чело на националниот тим на нашиот западен сосед најмалку до квалификациите за СП 2026 година, пренесуваат албанските медиуми.
Силвињо направи огромен успех со Албанија, откако успеа да се пласира на Европското првенство во Германија, но испадна од групната фаза со само еден освоен бод во група со Шпанија, Италија и Хрватска.
Силвињо седна на клупата на Албанија во јануари 2023 година, и успеа да го пласира тимот на ЕВРО 2024. Најпрво се шпекулираше дека Бразилецот ќе го напушти кормилото на Албанија, меѓутоа сега е извесно дека ќе ја продолжи соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА