Бразилскиот фудбалски стручњак Силвињого продолжи договорот со Албанската фудбалска федерација (ФСХФ) до декември 2025 година, соопшти ФСХФ.
Бразилецот ја презеде Албанија во јануари 2023 година и успеа да обезбеди настап на ЕП во Германија. За потсетување, Албанија ремизираше со Хрватска (2-2) во групата Б на ЕП, а загуби од Италија (1-2) и Шпанија (0-1).
„По успехот постигнат со пласманот на ЕП во Германија, сега главна цел ќе бидат историските квалификации за Светското првенство во 2026 година“, се вели во соопштението на Албанскиот фудбалски сојуз.
Албанија никогаш не учествувала на СП, додека покрај годинава на ЕП беше и 2016 во Франција. Во текот на својата тренерска кариера, 50-годишниот Бразилец ги водеше Лион и Коринтијанс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА