Силвио Берлускони боледува од леукемија

Претседателот на фудбалскиот клуб Монца и поранешен италијански премиер Силвио Берлускони боледува од леукемија, пренесува Ројтерс.

86-годишниот политичар е хоспитализиран поради кардиоваскуларни и респираторни проблеми и се наоѓа на одделението за интензивна нега.

„Тој боледува од сериозна болест на крвта. Тоа ја предизвика и претходната хоспитализација“, вели изворот на РАИ.

Берлускони беше сопственик на Милан во златната ера на Росонерите од 1986 до 2016 година, а во 2018 година ја презеде Монца и го внесе клубот во Серија А. Тој е лидер на партијата Напред Италија, а беше и премиер на таа земја три пати.

 

Се вчитува...