Тренерот на полска Јагелонија, Адриан Симинец, по синоќешното реми (1-1) со Шкендија во Конференциската лига на УЕФА до кое неговиот тим дојде благодарение на голот во 100. минута, искажа разочарување од играта на своите избраници.
Симинец потенцираше дека било тоа лошо издание на Јагелонија преку кое се дозволило Шкендија да дојде до предност.
„Ако беше во некои други услови ќе бев среќен со овој резултат. Но вака, со такво наше издание не сум задоволен. Не е дека сум разочаран, затоа што тоа би било непочитување кон Шкендија, но разочаран сум од нашата игра. Па, резултатот е прифатлив на крај“ – рече тренерот на полскиот тим и дополни:
„Мора да честитам и за играта на Шкендија. Тие беа ангажирани дури и по голот, а ние навистина лабаво влеговме на натпреварот и поради тоа беше тешко да држиме темпо. Еден бод е позитивен за нас по сè што се случи. Комплетно ја преземам одговорноста на себе за изборот на тимот и тактиката“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

