Вардар денеска го официјализираше првото засилување за новата сезона, во која „црвено-црните“ ќе атакуваат на највисок пласман и на „кам-бек“ во Првата лига. Станува збор за добро познатиот Симеон Христов кој потпиша договор на 1 година. Досега Христов играше за Работнички.
Во минатото овој играч беше дел и од Тиквеш, Борец, Македонија ЃП, играше и за Тетекс, Брегалница, Пелистер. Има и интернационална кариера и беше член на Вашаш, Егри од Унгарија, потоа во Јужен Мјанмар и шест месеци беше дел од албанска Влазнија.
Претходно Вардар го реши прашањето околу стручниот штаб, објавувајќи дека Бобан Грнчаров идната сезона ќе ја води екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА