Македонскиот фудбалски второлигаш Скопје официјално го објави најновото засилување во зимскиот преоден рок. Се работи за искусниот Симеон Христов кој се приклучи на екипата од Автокоманда.
33-годишниот фудбалер кој доаѓа од редовите на Македонија ЃП, со своето искуство и квалитет треба да биде клучен фактор во амбицијата на „скопјани“ за врвен пласман во Втората лига и евентуална промоција во ПМФЛ.
Христов, кој во кариерата има настапувано за повеќе познати македонски клубови, вклучително и Вардар, Пелистер и Македонија ЃП, се смета за еден од најквалитетните играчи што моментално во второлигашката конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

