Симеоне: Атлетико го одигра најслабиот натпревар откако сум јас тренер

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне вчерашниот пораз од 3-0 против Валенсија го окарактеризира како најслабиот натпревар на својот тим под негово водство.

Во 5. коло Атлетико го доживеа првиот пораз, и тоа убедлив од Валенсија на гостувањето на „Местаља“.

„Валенсија беше многу подобра од нас, а ние не игравме онака како што сакавме. Ова е веројатно најслабиот натпревар откако сум јас во Атлетико. Валенсија знаеше како да ги спречи нашите напади, беше добра во противнападите и ни правеше проблеми. Честитки до нив, одиграа одличен натпревар. Воопшто не сум лут. Напротив, смирен сум и ги познавам моите играчи. Кога тимот игра лошо мора да го прифатите тоа, тоа е најдобриот начин да се развивате. Најлошо е тоа што противникот беше подобар од нас, но не ми останува ништо друго освен да им честитам“, изјави Симеоне.

Се вчитува...