Симеоне: Атлетико ќе се бори за шампионска титула

Првото дерби за Мадрид во новата сезона му припадна на Атлетико кој на домашен терен го прегази Реал со 5-2 демонстрирајќи моќ против ривалот.

Победата наиде на големо задоволство кај тренерот Диего Симеоне кој по средбата упати пофални зборови за неговите фудбалери и најави шампионска битка.

„Од самиот старт знаевме како можеме да им создадеме многу проблеми. Одлично се движевме по крилата, играчите точно ги знаеја своите задачи. Изгледавме како скоро совршен тим во одредени моменти, а тоа многу ме радува.

Успеавме да ги извлечеме нивните дефанзивци повисоко, што отвораше можност за нашите офанзивни фудбалери. Сорлот беше во неколку опасни ситуации, тоа доволно зборува за нашата тактичка подготвеност.

Сакам да продолжиме со овие игри и да ги радуваме навивачите секоја недела. Наскоро очекувам да се бориме за врвот, иако лошо ја започнавме сезоната“, рече Симеоне

Се вчитува...