Симеоне бара казна за Куртоа: Провокаторот треба да биде санкциониран

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше за инцидентот на дербито со Мадрид, кога навивачите на Атлетико го гаѓаа голманот на Реал, Тибо Куртоа по водечкиот гол на гостите.

Најжестоките навивачи на Атлетико го гаѓаа со запалки и со кеси полни со ѓубре чуварот на мрежата, по што судиите донесоа одлука играчите да се повлечат во соблекувалната додека не се смири тензијата. По 10 минути, повторно се вратија на терен и натпреварот продолжи. Истиот заврши 1-1.

„Клубот ќе ги донесе потребните одлуки против луѓето кои го направија инцидентот. Не ни требаат такви навивачи на трибините. Ни требаат луѓе кои го поддржуваат клубот. Но, не мислам дека вината е само нивна. Тие реагираа поради нешто што се случи на теренот. Мислам дека треба да има санкции за оној кој ги испровоцира. За мене мора да има санкции за провокаторот“, рече Симеоне.

Се вчитува...