Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не го криеше своето разочарување по елиминацијата во 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Неговиот тим загуби од Борусија Дортмунд со 4-2, и со вкупни 5-4 германскиот тим се пласираше во полуфиналето.
Симеоне причината во поразот ја најде во тоа што противникот ги искористил шансите, за разлика од неговиот тим.
„До крајот се трудевме да дојдеме до нашата цел, иако мечот не се развиваше како што посакуввавме. Борусија подобро реагираше откако израмнивме. Тие победија затоа што беа помоќни во шеснаесетникот. Поведоа по нивната прва шанса, а ние не усепавме да реализираме рано и да поведеме. При 2-2 направија опасни напади кои завршија со голови. Се трудевме многу, но не усепавме. Противникот беше супериорен, и мораме да му честитаме“, рече Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА