Атлетико Мадрид и Олимпик Марсеј утревечер во Лион ќе ги одмерат силите во финалето на Лигата на Европа. Тренерот на шпанскиот тим, Диего Симеоне, знае дека го очекува една тешка и исцрпувачка битка и вели дека победник ќе биде екипата која ќе успее да ги остави емоциите на страна.
„Ќе играме финале, се разбира дека имаме емоции, дека сме во исчекување на натпреварот. Но, токму тоа е најважниот елемент, да успеете да надвладеете со емоциите и да излезете на теренот со чиста мисла, да размислувате само за фудбалот и за начинот како да го победите противникот. Ова е финале, нема поправен испит и затоа треба да бидеме мудри. Свесни сме за нашиот квалитет, за добрите и за лошите страни на нашиот тим, но исто така имаме и голем респект кон противникот. Олимпик Марсеј е одличен состав, технички добро поткован, кој директно атакува кон голот на противникот. Нема да биде лесно, го знаеме тоа многу добро“, изјави Диего Симеоне на прес – конференцијата во пресрет на утрешното големо финале во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА