Симеоне ги загуби нервите, тргна да се тепа со навивачите на Ливерпул (видео)

Супердраматично беше синоќа на „Енфилд“, Ливерпул стигна до победа со голот на Ван Дајк во 92. минута, а гостинскиот тренер Диего Симеоне не можеше да се помири со поразот, па влезе во сериозен кофликт со домашните навивачи.

Големиот инцидент се случи веднаш по голот на Ван Дајк, бесниот Аргентинец се пожали дека му бил покажан среден прст од првите редови од трибините, по што тргна физички да се пресмета. За среќа, реагираа луѓето од обезбедувањето и беше спречен посериозен инцидент, а Симеоне заслужено доби директен црвен картон.

„Во период кога жестоко се бориме против расизмот, мислам дека треба исто така да се бориме и да нема вакви навреди од трибините. Се наоѓаме на место каде што немаме право да реагираме, да одговориме на навредите кон нас. Јас сум добар човек и ова денеска не требаше да се случи“, изјави Симеоне на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...