Симеоне го пофали Чави: Овој тим на Барселона ми се допаѓа

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне изјави дека е импресиониран од играта во дефанзивата на неговиот колега од Барселона, Чави Ернандез. Каталонците се лидери на табелата со осум бода пред Реал Мадрид, а денеска од 16:15 го чекаат Атлетико на „Ноу Камп“ во дербито на Ла Лига.

Играчите на Барселона од почетокот на сезона примија само 9 гола на 29 натпревари, и на 22 меча ја зачуваа мрежата.

„Ми се допаѓа Барселона. Имаат различен стил. Напредуваат и имаат одлична сезона“, изјави Симеоне.

„Ја подобрија одбраната, благодарение на квалитетите на нивните играчи, а исто така благодарение на Чави. Што се однесува до нас, ние не ја почнавме сезоната најдобро, но мислам дека и ние се развиваме исто како Барселона“, вели тренерот на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...