Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид размислува да го ангажира Џанлуиџи Донарума на голманската позиција следното лето. Тренерот Диего Симеоне го „пикирал“ голманот на Милан како наследник на Јан Облак, кој најверојатно по завршувањето на сезоната ќе направи мегатрансфер во Пари Сен Жермен.
Атлетико Мадрид е подготвен да плати 80 милиони евра за Донарума, пари кои ќе ги добие од продажбата на Словенецот Облак во редовите на „светците“. Донарума има договор со Милан до 2021 година, но и клаузула дека може да си замине доколку заинтересираниот клуб плати отштета од 80 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА