Одлуката на Антоан Гризман да се пензионира од репрезентацијата на Франција наиде на големо задоволсто кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Аргентинскиот стратег изјави дека Гризман и дал се што има на Франција, а сега е ред да биде целосно фокусиран на Атлетико Мадрид.
„Верувам дека Антоан го даде целиот свој талент, игра и лидерски способности на Франција, Освојуваше титули, изгради стил на игра со која ја поттикнуваше репрезентацијата и даваше на татковината се до денот додека се повлече“, изјави Симеоне кој се осврна и кон растеретеноста на Франузинот од репрезентативните настапи.
„Нам ни е исклучително важен играч. Нема да игра за репрезентацијата, а тие натпревари обично знаат да се значајно оптеретување. Се надевам дека ќе продолжиме да уживаме во неговиот потенцијал“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА