Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, во интервју за францускиот медиум „Л’Екип“ вели дека не би задржувал ниту еден играч против негова волја, па ниту Антоан Гризман, кој е се поблиску до излезна врата од клубот. Симеоне истакна дека ги разбира играчите кои изразуваат желба да играат во друг клуб, според него тоа е нормално, вели дека секој од нив сака да ја искористи можноста да напредува во кариерата.
„Се разбира дека на Гризман ќе му биде дозволено да си оди, како што си заминаа и Диего Коста и Арда Туран. Ги сакам сите мои играчи и сфаќам дека во одреден момент мора да напредуваат во својата кариера, па затоа на ниту еден не би му затворил врата ако сака да го напушти Атлетико Мадрид. Ако некој од играчите ми пријде и ми каже дека сака да си оди за да игра во друг клуб, веднаш би му одговорил дека нема никаков проблем. Така ќе биде и со Антоан, кога тој ќе реши да си оди – јас нема да му стојам на патот“, изјави Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА