Атлетико Мадрид го загуби дербито со Барселона, меч на кој поранешниот шпански првак повторно создаде повеќе шанси од противникот, но се соочи со истиот проблем – неефикасност. Алваро Мората не е дораснат за да биде предводник на тим со шампионски амбиции, а Феликс и покрај огромната отштета што беше платена сепак се уште не е голгетер од светска класа.
Диего Симеоне е свесен за ситуацијата во која се наоѓа, Диего Коста е на излезна врата, а тренерот на Атлетико Мадрид ги разгледува можните решенија за проблемот со кој се соочува. А во случајов, аргентинскиот стратег размислува за две опции – Родриго и Единсон Кавани.
Шпанскиот репрезентативец Родриго и во текот на летото беше поврзуван со Атлетико, но трансферот пропадна бидејќи Валенсија не сака да го продаде својот најдобар напаѓач. Се подготвува понуда од 70 милиони евра, но останува и да се види дали Валенсија ќе се избори за осминафинале во ЛШ бидејќи доколку тоа се случи, тогаш одличниот напаѓач дефинитивно нема да мрдне од „Месталја“.
Што се однесува до Кавани, тука преговорите се поедноставни бидејќи се разговара само со фудбалерот, кој станува слободен на крајот од сезонава по истекот на договорот со ПСЖ. Во мадридскиот клуб се оптимисти дека ќе го убедат екс-голгетерот на Палермо и Наполи да се пресели во Шпанија, а конкуренција ќе им бидат клубови од САД и од Кина, кои исто така сакаат да го доведат Кавани во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА