Симеоне има план: Ќе му плати на Челси веднаш, за Коста да остане во Бразил

Атлетико Мадрид се подготвува да ги интензивира преговорите со Челси, за што поскоро да го осигура трансферот на Диего Коста. Голгетерот влезе во војна со англискиот првак објавувајќи дека поради недостаток на почит од Конте и од клубот нема намера да се врати назад во Лондон и дека е подготвен да остане во Бразил додека не биде финализиран трансферот во Атлетико, макар и не земал плата во сиот тој период. „Сините“ од Лондон веќе го казнија голгетерот со две неделни плати, во најава се и нови санкции, но токму затоа Диего Симеоне инсистира што поскоро челниците на двата клуба да седнат на маса и да ги договорат деталите од трансферот.

Како што јавуваат шпанските медиуми, аргентинскиот стратег смета дека сумата од 43 милиони евра ќе биде сосема доволна за да се добие зелено светло од Челси и трансферот да се комплетира во текот на следната седмица. Јасно е дека поради казната од ФИФА Атлетико ќе нема право да го регистрира голгетерот до јануари 2018, но Симеоне е подготвен да го остави Коста во Брази, каде голгетерот би тренирал изолирано под будното око на кондицискиот тренер на Атлетико, Оскар Ортега.

Токму Ортега е најзаслужен за беспрекорната физичка подготвеност на играчите на Атлетико, па јасно е зошто Симеоне верува дека тој може да го доведе Коста во топ-форма дури и во ситуација кога голгетерот ќе биде повеќе од шест месеци (од јуни до декември) без ниту еден одигран натпревар.

Челси се наоѓа во небрано, веќе доведе нов голгетер, Конте го отпиша Коста, па на „сините“ им е јасно дека мора да го продадат шпанскиот ас. Најдобра опција за заработка беше Кина, но голгетерот не сакаше ни да чуе инсистирајќи на камбек во Атлетико.

 

Се вчитува...