Рома го претрпе првиот пораз во новата сезона откако тимот на тренерот Гасперини загуби пред своите гледачи од Торино со минимални 0-1.
Откако „волчицата“ славеше во претходните две рунди со миннимални 1-0, овојпат „црвените“ беа поразени на идентичен начин, во меч во кој не беа создадени премногу шанси, па пресуди прекрасниот погодок на Симеоне постигнат во второто полувреме.
Гасперини немаше класичен голгетер во тимот, Рома се мачеше да искреира чиста шанса за гол, па домаќините најубавата шанса ја имаа дури во судиското продолжение, кога ударот на Зуле беше за малку непрецизен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

