Во спектакуларен меч синоќа, Барселона и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 4-4 во првиот полуфинален натпревар во Купот на Шпанија. Така победникот и финалистот ќе биде познат по реваншот во Мадрид.
Тимот на Диего Симеоне „прокоцка“ водство од 0-2 кое го стекна во првите пет минути, меѓутоа потоа неговиот тим покажа карактер и се спаси од пораз во миговите кога Барселона го сврте натпреварот и дојде до 4-2.
„Мораме да работиме на корнерите, затоа што во тие ситуации не бевме добри. Противникот беше подобар на почетокот на вториот дел, и стигна до 4-2. Замените му дадоа на тимот свежина и храброст. Натпреварот беше тежок, но играчите покажаа натпреварувачки дух на кој им се восхитувам. Засега не размислувам за реваншот. Има време до тогаш“, рече Гризман.
Тој призна дека и кога неговиот тим имал 2-0, знаел дека нема да биде лесно.
„Кога беше 2-0 за нас во себе си реков дека нема потреба да се радувам толку многу, затоа што нема лесно да ни дозволат да дојдеме до триумф. И кога дојде 2-2 ми текна на зборовите кои си ги реков. Дефинитивно овие 4-4 ги израдуваа нашите фанови“, изјави Симеоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

