Симеоне: Кој мисли дека Алварез играше два пати со топката, нека крене рака! Никој? Следно прашање…

Поништениот пенал на Атлетико поради наводна двојна игра на Хулијан Алварез, продолжи да биде предмет на дискусија по епската пресметка во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид ја доби битката по изведувањето на пенали со 4-2. Алварез го погоди вториот пенал и во миговите кога Атлетико требаше да поведе, судијата Марчињак доби известување од ВАР собата дека Аргентинецот играл двојно со топката.

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне логично не беше задоволен од оваа одлука.

„До сите тука кои сте… Кренете рака кои видовте дека Хулијан двапати ја удира топката! Ајде! И? Никој не крева рака? Следно прашање… Никогаш не сум видел ВАР да бара преглед на пенали за време на пенал серија“, изјави луто Симеоне.

Се вчитува...