Атлетико Мадрид третпат во последните четири сезони е дел од полуфиналето во Лигата на шампионите, па јасно е дека Диего Симеоне има причина за задоволство по успехот на неговиот тим и ремито од 1-1 против Лестр.
„Имавме противник кој не се предаваше до последната минута. По нашата предност од 0-1 тимот на Лестер притисна, израмни на 1-1, но потоа покажавме тимски дух, се одбранивме кога беше најзначајно и стигнавме до резултатот што го посакувавме. Повторно сме дел од полуфиналето во ЛШ и секако дека сме пресреќни поради тоа. Целта ни е да го освоиме пехарот, но во следните денови ќе се фокусираме само на наредниот дуел од Примера против Еспањол“ – изјави Симеоне.
Атлетико скапо ја плати победата поради повредата кои ги заработија бековите Филипе Луис и Хуанфран, кои најверојатно ќе го пропуштат дуелот со Еспањол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА