Првиот тренер на Атлетико од Мадрид, Диего Симеоне, со новинарите ги сподели своите очекувања пред натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите против Баер Леверкузен.
„Јорганџиите“ со драматична победа против Порто (2-1) стартуваа во елитното натпреварување, а денеска гостуваат на „БајАрена“.
„Ги гледав последните два натпревари на Баер и бев импресиониран. Морам да бидам искрен, играат исклучително брзо, со многу движења. Имаат силен среден ред и се опасни при контранапад. Очекувам тешка борба против добро организиран противник. Германците веројатно ќе ни го отстапат поседот и ќе сакаат да не изненадат со контранапад“, изјави Симеоне.
По 5. коло во Примера, Атлетико се наоѓа на седмата позиција со 10 бодови.
❝𝐿𝑜𝑠 𝑒𝑞𝑢𝑖𝑝𝑜𝑠 𝑎𝑙𝑒𝑚𝑎𝑛𝑒𝑠 𝑠𝑜𝑛 𝑑𝑢𝑟𝑜𝑠, 𝑛𝑢𝑛𝑐𝑎 𝑏𝑎𝑗𝑎𝑛 𝑙𝑎 𝑔𝑢𝑎𝑟𝑑𝑖𝑎 𝑦 𝘲𝘶𝘦 𝑐𝑜𝑚𝑝𝑖𝑡𝑒𝑛 ℎ𝑎𝑠𝑡𝑎 𝑒𝑙 𝑓𝑖𝑛𝑎𝑙❞.
— Diego Pablo @Simeone🎙️
• #AúpaAtleti • #B04Atleti • #UCL •
— Atlético de Madrid (@Atleti) September 12, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

