Симеоне може да здивне – не е крај на сезоната за Мората

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симоне денеска доби добри вести од медицинскиот персонал на шпанскиот прволигаш кој утврди дека повредата на напаѓачот Алваро Мората не е сериозна и за него сезоната не е завршена.

Искусниот голгетер поради повреда на коленото го напушти теренот на полувремето на дуелот со Севиља, а и покрај тоа што според првичните претпоставки стануваше збор за тешка повреда, Шпанецот ќе пропушти само три недели.

Атлетико Мадрид со вчерашниот пораз од 1-0 драстично си ги намали шансите за вклучување во битката за титула во Ла Лига, но и понатаму е во игра за место кое води во Лигата на Шампионите следната сезона со 48 освоени бодови по 24 средби.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...