Симеоне на лето на „шопинг“ во Премиерлигата

Атлетико Мадрид кој игра одлична сезона, идната година би можел да биде уште посилен, ако се остварат најавите дека двајца играчи од Премиерлигата, односно од Манчестер Сити и од Ливерпул, се преселат во главниот град на Шпанија.

Манчестер Сити на лето ќе прави мала „чистка“ во своите редови, во која би можел да се најде Матео Ковачиќ. А, тоа ќе сака да го искористи Симеоне кој сака да го донесе Хрватот во своите редови. Тој би дошол на местото на аргентинскиот фудбалер Родриго де Пол, кој е пред заминување од Сити. Според информациите, Атлетико е подготвен да плати 30 милиони евра.

Големите амбиции на Атлетико треба да бидат потврдени со носење на уште еден голгетер. Атлетико минатото лето ги донесе Алварез и Сорлот, но Симеоне не сака тука да застане, па тргнува по услугите и на Дарвин Нуњез. Уругваецот најверојатно ќе го напушти „Енфилд“ на крајот на сезоната, а тоа ќе го искористи Симеоне да го ангажира.

Јасно е дека Атлетико игра со двајца напаѓачи, и затоа му треба на Симеоне уште еден голгетер, а ако се има во предвид дека Гризман е во зрели години (34), тогаш е јасно зошто е заинтересиран за Нуњез.

Се вчитува...