Симеоне на зима ќе остане без играч, но Атлетико ќе заработи 30 милиони евра

Играчот од средниот ред на Атлетико, Конор Галагер би можел да го напушти тимот веќе на зима. Англичанецот веќе добил дозвола да преговара со други клубови, само доколку некој е подготвен да плати 30 милиони евра.

Тој стигна како големо засилување од Челси во 2024 година за околу 40 милиони евра, но не ги исполни очекувањата. Симеоне оваа сезона го прекомандуваше во резервист со многу мала минутажа, и на вкупно 17 меча одигра 550 минути.

Галагер има 25 години, и се надева дека ќе се наметне на селекторот Томас Тухел за идниот Мундијал. Клубови од Англија се меѓу заинтересираните, но исто така има интерес и од Германија, од тимот на Борусија Дортмунд, како и од клубови од Италија.

Се вчитува...