Симеоне најави заминување од Атлетико по поразот од третолигаш

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне видно разочаран по поразот од третолигашот Корнеља во второто коло од Купот на Шпанија, најави и заминување од клупата на „јорганџиите“.

„Следната сезона ќе барам решени, ако бидам тука. Фудбалот е променлив и мора да бидете подготвени за сите можности. Мора да го прифатам тоа што клубот ќе го одлучи“ – истакна Симеоне, навестувајќи разделба со клубот по осум години.

Аргентинскиот тренер, притоа, не сакаше многу да го коментира изменетиот состав на Атлетико Мадрид кој доживеа неочекуван пораз од 0-1 од третолигашот.

Се вчитува...