Симеоне: Не е фер Меси да биде критикуван во Аргентина

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне застана во одбрана на Меси, поради критиките кои ги добива од јавноста во Аргентина. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња веќе неколку години е на мета на жестоки критики на аргентинската јавност поради игрите во дресот со националните бои, а во еден момент поради сите проблеми мораше и да се откаже од репрезентацијата.

Во негова одбрана застана и Диего Симеоне кој изјави дека не е во ред јавноста во Аргентина толку да го критикува Меси и само него да го оптужува за неуспесите на националната селекција.

„Јасно е дека секој има право на свое мислење. Но, луѓето не се фер со критиките кои ги упатуваат кон Меси. Беше блиску да освои Светско првенство, но за жал не успеа. Не ми е јасно зошто го праат тоа, бидејќи тој е фантастичен фудбалер. Без него ништо не би било исто“, изјави Симеоне. 

Меси ќе има шанса да ја врати довербата на навивачите во Аргентина, летово кога се игра Копа Америка, а „гаучосите“ се едни од фаворитите за освојување на турнирот.

Се вчитува...