Диего Симеоне во изјава за весникот „Марка“ изјави дека нема пари што ќе го натераат да го напушти Атлетико Мадрид.
Тренерот на мадридскиот тим имаше убава понуда од Саудиска Арабија каде веќе заминаа голем број играчки и тренерски „суперѕвезди“.
„Дали се двоумев кога ја добив понудата? Не, вистината е дека сум многу среќен таму каде што сум во моментов. Не се двоумев, а нема да се двоумам и да ја зголемат таа понуда. Среќен сум во Атлетико“, изјави Симеоне.
Ова ќе биде 13. сезона на Аргентинецот на клупата на Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

