Симеоне: Арсенал беше немилосрден, бевме надиграни од посилен тим

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше незадоволен по поразот од 4-0 од Арсенал во Лигата на шампионите. Сепак, тој одби да се потпре на „немање среќа“, признавајќи дека поразот се должи на грешките направени од неговиот тим за време на натпреварот.

Според Аргентинецот, клучен момент било промашената шанса на Алварез во првиот дел, и дека мечот ќе добиел сосема поинаков тек ако топката завршила во мрежата.

„Тие беа подобри и многу ефикасни во оваа фаза од натпреварот. По голот од статична позиција, натпреварот се разви во нивна корист, и заслужено. До 1:0 нè натераа да го дадеме својот максимум. Тимот работеше добро, трчаа многу, но едноставно бевме надиграни од посилен противник. Клучен момент беше промашувањето на Хулијан Алварез кога топката отиде блиску до стативата во првото полувреме. Тоа се малите детали што можеа да ја навалат вагата во наша корист. Но, противникот е многу силен во сите линии, трчаат многу и тоа бара време за размислување. Се справувавме добро до првиот гол, но во тој 13-минутен период беа немилосрдни“, рече Симеоне.

Се вчитува...