Симеоне нема да дочека трофеј во ЛШ, Атлетико веќе бара негова замена?

И покрај тоа што неодамна доби поддршка од раководството, Диего Симеоне би можел наскоро да добие отказ од клупата на Атлетико Мадрид. Тоа ќе се случи доколку формата не се подобри, а веројатно ултиматумот ќе биде екипата после Мундијалот да фати една победничка серија.

„Јорганџиите“ имаат кошмарна сезона, испаднаа од Лигата на шампионите, во група во која претендираа за првото место. Екипата изгледа летаргично и нема победа на пет натпревари по ред. Дефинитивно се загуби менталитетот со многу борба кој го негуваше Симеоне во последните 10 години колку што е на клупата на Атлетико.

Најплатениот тренер на светот се соочува со отказ, а веќе се споменуваат и негови замени. Покрај најавите за сегашниот селектор на Шпанија Луис Енрике за превземање на тимот, се споменува и Маурисио Покетино, кој е без ангажман по авантурата во ПСЖ.

Симеоне е во Атлетико од 2011 година. Два пати ја освојуваше Лигата на Европа, Ла Лигата, и Суперкупот на УЕФА. Два пати го донесе тимот до финале во Лигата на шампионите, но два пати беше сопиран од Реал Мадрид. Неодамна изјави дека нема да си замине додека не го освои трофејот во ЛШ, но очигледно неговата желба ќе остане само сон.

Се вчитува...