Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, откри дека одбил понуда од 35 милиони долари од еден кинески клуб. Аргентинскиот стручњак не сака да го напушти Атлетико оваа сезона затоа што посакува со тимот од Мадрид да го освои трофејот во Лигата на шампионите. Но, по завршувањето на сезоната се отвораат нови можности бидејќи на својата клупа, покрај Кинезите го сакаат Интер и Арсенал.
„Да сакав да заминам во друг клуб, ќе го сторев тоа. Имав 35 милиони причини за тоа, 35 милиони…Сепак, не сакав да го напуштам Атлетико затоа што се чувствувам силно поврзан со клубот и со екипата“ – изјави Симеоне за шпански „Ас“.
Договорот на аргентинскиот тренер со Атлетико му истекува во јуни 2018 година.
„Градиме нов стадион, буџетот ни се зголемува и со божја помош, можеме да го освоиме пехарот во Лигата на шампионите“ – порача Симеоне.
Во четвртфиналето од Лигата на шамоните, Атлетико ќе игра против Лестер, превиот натпревар е на 12 април во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА