Атлетико Мадрид славеше убедливо на гостувањето против Лас Палмас, но тренерот Диего Симеоне се соочи со огромен проблем по повредата што во второто полувреме ја заработи десниот бек Хименез.
Овој фудбалер го повреди мускулот и мораше да биде заменет, оставајќи го стратегот на Атлетико без здрав играч на позицијата десен бек на само три дена пред првиот полуфинален меч од ЛШ против Реал Мадрид. Имено, стартниот играч на оваа позиција, Хуанфран, е повреден, исто како и неговата прва резерва Вршаљко.
Симеоне беше задоволен од функционирањето на одбраната со Хименез на десната страна, но сега аргентинскиот стратег ќе мора да експериментира, и тоа против моќниот напад на Реал Мадрид. Како што јавуваат мадридските медиуми, најголеми се шансите дека на десен бек ќе биде преселен Црногорецот Савиќ, кој игра на таа позиција во својата репрезентација. Местото на Савиќ крај Годин во срцето на одбраната би зазел Лукас, додека на левата страна ќе игра стандардниот Филипе Луис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА