Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2018 година

Аргентинскиот стратег Диего Симеоне ќе го одработи до крај договорот во Атлетико Мадрид, објави шпанскиот „Ас“. Тој има актуелен договор до јуни 2018 година, и одлучил да остане на кормилото на шпанскиот прволигаш, иако има неколку понуди од големи европски гиганти за да го преземе нивниот тим.

Симеоне работи со раководството на клубот на новите трансфери што треба да се реализираат во летниот преоден рок, а испланирана е и летната турнеја во Мексико и во САД. Аргентинецот наводно ја одбил понудата на Арсенал, а во Италија за него се интересираат Интер и Јувентус. Сепак, тој најмалку уште една сезона ќе биде на клупата на Атлетико Мадрид.

  

Се вчитува...