Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2021 година

Аргентинскиот стратег Диего Симеоне ќе го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2021 година, откри шпанскиот весник „АС“. Тој ја прифатил понудата на раководството за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона, задоволен од залагањето на клубот околу ангажманот на нови фудбалери.

Атлетико Мадрид е пред договор со шпанскиот репрезентативец Алваро Мората кој треба да пристигне од Челси. Италијанските медиуми најавуваа дека Симеоне ќе пристигне во Интер, но тоа нема да се случи во наредните две години.

 

Се вчитува...