Атлетико Мадрид не потклекна на „Сантијаго Бернабеу“ во градското дерби со Реал Мадрид, играјќи 1-1. Тренерот Диего Симеоне е задоволен од изданието на својот тим, а по мечот откри дека не планира да си замине од „Ванда Метрополитано“ ниту по завршувањето на сезоната.
„Останувам во Атлетико Мадрид, затоа што верувам во проектот на клубот. Овој тим може уште многу да напредува и наредната сезона ќе биде уште поконкурентен. Реал Мадрид е моќен тим, тие се фокусирани на Лигата на шампионите, но тоа не значи дека не ја посакуваа победата на градското дерби. Моите фудбалери покажаа карактер и играа храбро“, изјави Диего Симеоне по дербито со Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА