Симеоне по крајот на сезоната го напушта Атлетико Мадрид

Диего Симеоне по завршувањето на сезоната го напушти Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Првпат од неговото доаѓање во 2011 година во клубот веќе се пишува за негово заминување. Не поради некакви лоши резултати, но како што пренесуваат Шпанците, поради меѓусебната заситеност и на клубот и на тренерот од веќе 14-годишната соработка.

Сепак, и покрај тоа, како причина се наведува и новиот директор на клубот, Карлос Букеро кој на оваа функција е од јануари 2024 година. Тој претходно му врачи отказ на спортскиот директор Андреа Берту со кого Симеоне одлично соработуваше, па се смета дека нарушувањето на тој дел од односите исто така влијае на одлуката Диего да го напушти клубот.

Веќе се навестуваат и наследниците на Симеоне, а желба на клубот е Унаи Емери, иако е јасно дека тешко ќе се согласи на заминување од Астон Вила. Се спомнува и Фернандо Торес кој работи во младите категории на клубот.

Се вчитува...