Симеоне по последниот пораз: Со вакви резултати не може да се освои титула

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше за поразот од Лас Палмас. Атлети го загуби мечот, и со тоа ги загуби шансите за титула во Ла Лига. 
Симеоне беше реален и кажа дека ова е крај на надежите за освојување на титулата во Ла Лига.
„Требаше да покажеме совршени резултати за да ги задржиме шансите да го освоиме првенството. Тоа не го направивме. Првото полувреме беше добро, но нивниот голман не ни дозволи да поведме. Ги контролиравме контранападите и слободните зони. Во вториот дел бевме бавни, и не го остваривме она на кое се надевавме. Голот што го примивме беше олицетворение на нашата игра во вториот дел“, изјави Симеоне.

Се вчитува...