Барселона обезбеди место во финалето од Купот на Шпанија, во меч во кој се чини „оштетена странка“ беше Атлетико Мадрид.
Беше тоа натпревар со три црвени картони, два за Барса и еден за Атлетико, но одличен двобој во кој Кевин Гамеиро промаши пенал пред да биде израмнувањето.
Но, она што го одбележа натпреварот беше поништениот гол на Антоан Гризман во 59. минута поради наводен офсајд, кој не постоеше. Атлетико со тој гол ќе имаше победа од 1-2 и продолженија во битката за пласман во финале.
„Горд сум на мојот тим, покажавме срце, одигравме со страст. Го напуштивме теренот со кренати глави. А, судијата? Се видовте. Што можам да кажам за тоа. Ќе се зборува за неправдата сигурно, но што е тука е… Натпреварот беше навистина одличен, и ќе бев пресреќен ако се пласиравме во финале“ – рече Симеоне по синоќешната драма на „Камп Ноу“.
#Atleti were robbed by the linesman! Antoine Griezmann’s goal incorrectly ruled out for offside! #FCBAtleti #CopaDelRey [via @beINSPORTSUSA] pic.twitter.com/Ts85xhhTOb
— Golazo FC (@Golazo_FC) February 8, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА